174
Во скопскиот Ургентен центар денеска е примен уште еден повреден работник од градилиштето во скопската населба Кисела Вода, информираат медицински извори.
Според првичните информации, работникот се здобил со полесни повреди, но повеќе детали се очекуваат по извршените лекарски прегледи.
Претходно во Ургентен беа донесени тројца повредени од истата несреќа, при што еден од нив е префрлен на КАРИЛ поради сериозни повреди на нозете.
Останатите двајца работници се со полесни повреди.