Скопјанка собра речиси 50.000 денари од капар за кирија за непостоечки станови

by irena 13:53
13:53

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“.

Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови.

Со тоа таа се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.

Слични вести