Полицајци пукаа во воздух за да спречат толпа која попречуваше апсење

by irena 14:20
14:20

МВР информира дека вчера попладне околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача.

Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични вести