Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест

by vlatko 22:52
22:52

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија, пред владата во Тирана вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана.

Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада.

Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата и цистерните со вода, по што полицијата употреби водени топови и солзавец.

Имаше повеќе судири со полицијата, обиди за пробивање на полицискиот кордон, по што пристигнаа дополнителни полициски сили.

Бериша присуствуваше на протестот, но не се обрати.

Претходно, за медиумите изјави:„Нашата изјава дека сме на последниот километар, ја означува нашата обврска да го поминеме овој километар, по секоја цена и услови, до победа”.

Слични вести