Рокас ја нарече Македонија сигурен партнер на ЕУ, а Мицкоски потврди дека позицијата за уставните измени е непроменета

by jadranka 18:20
18:20

Нема промени во стратешките определби на Македонија. А, членството во Европската Унија е тоа, но процесот на проширување мора да се темели на исполнување на критериумите и постигнатите резултати, а не на билатерални спорови.

Ваква порака упати премиерот Христијан Мицкоски на јавноста по средбара со амбасадорот на ЕУ – Михалис Рокас, на која тој од него го прими Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2026 година. Мицкоски истакна дека членството во Унијата за државата значи конкретни придобивки, но тој повтори дека владината позиција во однос на уставните измени останува непроменета и дека Македонија очекува европскиот пат да биде заснован на принципи и исполнување на реформите , а не на политички услови.

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции, а поддршката за нејзината европска иднина останува непроменета. Ова го порача евроамбасадорот Михалис Рокас, осврнувајќи се на годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

Рокас истакна дека Европската Унија ги препознава постигнувањата на државата, нејзиниот потенцијал, но и европските аспирации на граѓаните.

„Европската Унија ги препознава вашите напори и достигнувањата на Северна Македонија, потенцијалот и аспирациите на народот. Нашата посветеност на вашата иднина во Европската Унија останува цврста и непроменета“, порача Рокас.

Нарекувајќи ја Македонија сигурен партнер, евроамбасадорот нагласи дека Извештајот за проширувањето за 2026 година претставува јасен патоказ за следните чекори и реформите што треба да се спроведат на патот кон членство во Унијата. Според евроамбасадорот, сега е моментот земјата да ги искористи можностите што ги нуди европската перспектива и да продолжи со напорите за исполнување на реформските приоритети. Употребувајќи внимателен дипломатски речник, Рокас ја повтори веќе добро познатата позиција што ја има Брисел – дека без уставните измени, не е можно да се стартуваат преговорите.

„Фокус’ го праша премиерот Мицкоски дали, ако би имал една минута да даде мислење за Извештајот, дали би го опишал како објективен или повеќе како директна препорака дека час поскоро треба да се направат уставните измени, затоа што без нив, нема да се поместиме од место во евртоинтегративниот процес.

„Мојата улога е многу посуштинска. Некогаш одлуките кои ги носиме како претседатели на Влада, може да не следат целиот наш живот, но таа може да ги следи и граѓаните кои не гласаат, исто така, цел живот.  Тоа беше одлука на претходна Влада, кога пои пат на политички егзибиционизам, влегоа во една авантура која сега е политички критериум за нас за да го почнем процесот на преговори. Жалам Што тогаш не не послушаа кога бевме како опозиција и жалам што тоа е политички критериум, а не критериум што го оценува нашииот учинок и напредок.

Што се однесува до извештајот јас кажав дека тој е подобар од претходната година, кажав и за недостатоците, а дел од нив веќе се надминати, затоа што Извештајот се однесува за периодот од 1 септември лани до 31 август годинава. Во меѓувреме многу од законите се донесоа, а дополнително се подготвени двата клучни закони од правосудството – Казнениот и Законот за кривична постапка и тоа му го кажав на амбасадорот Рокас“, рече премиерот, посочувајќи дека тие би важеле од сега, а за минатото за жал ќе останат неказнети оние политичари и висока корупција која се случила во минатото.

Според Мицкоски, оваа Влада со практични чекори покажува дека е проевропска и дека сака да напредува, но поради преземените политички чекори во минатото, ние како држава се наоѓаме во оваа позиција во која сме.

„Фокус“ упати прашање и до евроамбасадорот Михалис Рокас со оглед на последните информации што доѓаат од Брисел, а кои велат дека Македонија е изводена од групата земји – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија и со оглед на реториката што провејува во годинашниот Извештај, дали има впечаток дека таквиот извештај го зголемува евроскептицизмот кај македонските граѓани и што, тие како Унија, прават за да го разбилјат таквиот скептицизам.

„Одделувањето од земјите што се во пристапни преговори, тоа е само поради фактот дека тие земји веќе имаат пристапни преговори, отвораат поглавја и кластери и ги затвораат. Тие напредуваат во процесот на преговорите. И, затоа ги напртавивме оние патокази за нив. Кога ќе ја погледнеме Северна Македонија, јасно ни е дека земјата има добро ниво на подготвеност и е меѓу првите три земји кога станува збор за реформската агенда.

Што се однесува до скептицизмот на јавноста, сметам дека овој Извештај треба да се гледа како силно охрабрување, затоа што има многу детали од сите 32 поглавја од пристапните преговори со ЕУ, но и предлага како да се напредува. Ќе се обидеме заедно со Владата да ги донесеме неопходните промени, каде што граѓаните може да видат напредок во секојдневниот живот. И, затоа ова треба да го гледаме како охрабрување“, нагласи Рокас нарекувајќи го Извештајот оценка за изминатата и препорака за тоа што и какви треба напори треба да се вложат во наредната година.

 

З.Фиданоски 

Слични вести