Вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица пронајдени биле една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, информираат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Оттаму апелираат до граѓаните во случај да пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат туку едноставно да се јават на бројот за итни случаи 112 за службите да можат да се погрижат за безбедно отстранување или неутрализирање.
-Така ќе бидат заштитени животите, како и тие што ги пронаоѓаат потенцијално опасните заостанати оружја од минатите војни, велат од ДЗС.
Додаваат дека пронајдените гранати веќе биле употребени, а неексплодирани и претставувале потенцијална опасност за граѓани коишто се на прошетка во природата или пак за пожарникари коишто гаснат шумски пожари во тој предел.