Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“

by irena 17:45
17:45

Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за управување со кризи, на терен се ангажирани два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

-На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Како директор на ЦУК, веднаш координиравме барање до надлежните институции, по што моментално на терен активно дејствуваат авионите „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во гасење на пожарот, потенцира директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Слични вести