Во хотел во Охрид почина 70-годишна туристка од Германија

by irena 17:23
17:23

Седумдесетгодишна германска државјанка била пронајдена почината доцна синоќа во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Охрид во 23:40 часот, откако во хотелот било пронајдено безживотното тело на Б.Х.К. (70) од Германија.

Лекар од Итната медицинска помош извршил преглед и констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Слични вести