Во болницата во Тетово почина 7-годишно девојче од Челопек

by irena 11:42
11:42

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина по болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираа од оваа здравствена установа.

Велат дека детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот каде веднаш биле преземени сите неопходни мерки за стабилизирање на состојбата, вклучително и интензивна рехидратација.

„Со цел понатамошен третман беше побарана и помош од Одделението за ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За време на интервенцијата пациентката не покажа реакција и веднаш беше префрлена на Одделението за интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај напорите на медицинскиот тим, пациентката почина“ – се вели во соопштението.

За утврдување на причините за смртта, болницата побарала да се изврши судско-медицинска обдукција, но семејството на девојчето одбивало.

„Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството. Подготвени сме за целосна соработка со надлежните институции“ – додаваат од болницата.

Слични вести