(ВИДЕО) Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов – над 270.000 денари од партијата пикнал во својот џеб

by irena 11:50
11:50

„Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица?“ праша денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека „лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од една страна се претставуваат како народни, скромни и неподмитливи, се претставуваат како пратеници кои не земаат патни трошоци, а гледаме дека вистината е сосема поинаква. Околу 5 илјади евра во својот џеб си ставил Крмов од Левица, тоа си го потврдија и на прес-конференција“.

„Навистина е срамно и безобразно да напаѓаат колеги пратеници и други функционери за користење на патни трошоци или пак нешто што им следува како службен додаток, а истите тие од Левица, кои глумат дека се против тоа, го прават истото во сопствената партија.

Оттука, го поставуваме прашањето, дали и Крмов сега ќе рече дека е сметководител? Доколку и тој излезе дека е сметководител во Левица, знае ли дека тоа е противзаконски? Или за Левица можеби тоа не важи?

Лажните аскети како Крмов, Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ се прочитани од народот. Тие се луѓе кои немаат вистински став и доблест. Левица е демаскирана“ рече Манасиевски.

Слични вести