ВМРО-ДПМНЕ е на деветка, СДСМ на петка – распоредот на избирачкото ливче за Локалните избори 2025

by irena 15:47
15:47

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место.

1.Искуство за успех

2.ЗНАМ

3.Демократска партија на Србите

4.Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ

5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ

6.Левица

7.Коалиција ВРЕДИ

8.Коалиција за Зелена иднинa

9.Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември, а завршува на 17 октомври, на 24 часа пред изборите.

Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври.

Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.

Слични вести