Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор пред Генералното собрание на ОН.
Во своето обраќање, Зеленски ги истакна опасностите од руската агресија, нагласувајќи дека технологијата, особено беспилотните летала и вештачката интелигенција, ја менуваат природата на војната и ја загрозуваат глобалната безбедност. Зеленски предупреди дека оружјето се развива побрзо од одбранбените капацитети, особено нагласувајќи ја улогата на беспилотните летала.
„Сега има десетици илјади луѓе кои знаат како професионално да убиваат со беспилотни летала“, рече тој, додавајќи дека запирањето на ваквите напади е многу потешко отколку одбраната од традиционалното оружје како што се пиштоли, ножеви или бомби.
Според него, Русија со својата војна во Украина воведе нова ера на војување.
„Воената технологија повеќе не се грижи за границите“, предупреди тој. „Само е прашање на време кога беспилотните летала ќе нападнат критична инфраструктура и ќе ги таргетираат луѓето сами, целосно автономно, без човечка вмешаност, освен неколкумина што управуваат со системите за вештачка интелигенција“, рече тој, нарекувајќи ја моменталната ситуација „најразрушителната трка во вооружување во човечката историја“ поради вклучувањето на вештачката интелигенција, пренесува Скај њуз.
Украинскиот лидер се осврна на конкретни примери на руска агресија, вклучувајќи 19 руски беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор, од кои само четири беа соборени.
„За среќа, тие не беа шахирани или полошо, инаку последиците ќе беа ужасни“, рече Зеленски.