ВМРО-ДПМНЕ: Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите

by Fokus

„Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите. Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со пресинг на судот, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој“.

„Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно. За првпат во историјата на државата одговорност има за сите“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости