ВЛЕН: ДУИ продолжува локалните избори да ги доживува како парламентарни

by vlatko 21:52
21:52

Владејачката коалиција ВЛЕН ја оцени за апсурдна изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој рече дека коалицијата што ја предводи е победник на локалните избори. Оттаму велат дека победата на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од победата на ДУИ во Пласница и во Липково.

„Мислевме дека Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од референдумот, но продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката. Дваесет години политиката на Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт“, велат од ВЛЕН.

Од таму му порачаа на Ахмети пред да бара предвремени парламентарни избори да се запраша дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците, кои, како што велат, веќе не се плашат од него.

Претходно, ДУИ едногласно побара одржување предвремени парламентарни избори поради, како што наведоа од партијата, победата на коалицијата НАИ на локалните избори и на претходните два изборни циклуса.

Слични вести