Влажни коловози на одредени места, можни се и поситни одрони

by vlatko 07:37
07:37

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но на одредени места има влажни коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од ЈП Македонија пат.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Слични вести