Редовните избори во 10 локални самоуправи во Србија започнаа денеска во 7 часот наутро, a гласачките места ќе бидат отворени до 20 часот. Денес се одржуваат избори за советници на Градското собрание на Бор, за општинските собранија на Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац и Мајданпек, како и за Собранието на градската општина Севојно.
На изборите за советници на Градското собрание на Бор учествуваат седум листи, на изборите за локални собранија во Смедеревска Паланка, Бајина Башта и Лучани учествуваат шест изборни листи, на изборите за локални собранија во Смедеревска Паланка, Бајина Башта и Лучани пет листи во Аранѓеловац и Кула, четири во Књажевац, Мајданпек и Севојно и три изборни листи во Кладово.
Изборите доаѓаат по турбулентна година обележана со масовни протести и силни критики за корупција, особено по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во 2024 година. Токму студентскиот и граѓанскиот активизам се појавува како нов фактор што може да го наруши доминантното влијание на владејачката Српска напредна странка.