Осум милиони луѓе во САД протестираа против Трамп

by vlatko 07:17
07:17

Се проценува дека 8 милиони луѓе во САД учествуваа во протестите „Без кралеви“ против претседателот Доналд Трамп, изразувајќи го своето незадоволство од неговата администрација, објави АФП.

Американските власти не дадоа официјални бројки за бројот на учесници на настаните во саботата.

Според организаторите, имало околу еден милион повеќе учесници и 600 повеќе настани во споредба со последните демонстрации „Без кралеви“ во октомври.

Ова е трет пат за помалку од една година коалиција од организации обединети околу слоганот „Без кралеви“ (No Kings) да ги повика жителите на Америка да излезат на улиците.

Таа коалиција се појави како најголемо протестно движење откако Трамп се врати во Белата куќа.

Слични вести