Владе Дивац итно опериран по сообраќајката со мотор во Црна Гора

by Fokus

Владе Дивац доживеа сообраќајна несреќа во Црна Гора и мораше да биде префрлен во локалната болница каде што бил опериран, дознава Нова.рс.

Паднал од мотоциклот во близина на Луштица. Не можел да стане, што ги загрижило сите.

Кратко по приемот во болница, тој бил опериран на колкот. Најважно е што неговата состојба е стабилна и не се очекуваат никакви компликации.

Освен колкот, немал никакви сериозни повреди, што е олеснување.

Дивац често престојува во Црна Гора во последните години.

Минатото лето, еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња, Меџик Џонсон, му правеше друштво на одмор во Бока Которска.

Владе Дивац освои неколку медали носејќи го дресот на репрезентацијата.

Легендарниот центар има осум златни, два сребрени и три бронзени медали настапувајќи за СФРЈ, како и за СР Југославија.

Поврзани новости