Како што соопшти Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на земјава се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои четири се веќе изгаснати.
Активни се 4 пожари:
Општина Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума
Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки
Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)
Општина Велес – пожар во ниска вегетација
Изгаснати се 4 пожари:
Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште
Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште
Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација
Општина Арачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.