(ВИДЕО) Во Центар градинките со двосменско работење – до 22 часот

by irena 15:00
15:00

„За првпат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата“.

Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината – Горан Герасимовски.

Тој потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од подолга грижа и безбедност за своите деца.

Со ова мерка, се обезбедува вистинска поддршка за семејствата, со што ќе им се олесни секојдневието на родителите, порача Герасимовски.

Слични вести