Премиерлигашот Манчестер Јунајтед штотуку објави соопштение со кое го потврдува отказот на тренерот Мајкл Карик.
– Мајкл се врати во клубот во јануари и го предводеше тимот до третото место во Премиер лигата, остварувајќи победи на 12 од преостанатите 17 натпревари во сезоната 2025/26, со што тимот освои најмногу бодови во лигата во тој период. По разочарувачкиот почеток на сезоната, клубот дојде до исклучително тешка одлука дека е потребна промена за да можеме да ги оствариме нашите амбиции. Мајкл е, и секогаш ќе биде, легенда на Манчестер Јунајтед. Исто како што правеше додека беше играч, тој покажа највисоки стандарди на посветеност и професионалност во текот на целиот свој престој во клубот. Неговото лидерство и успесите од минатата сезона секогаш ќе се паметат со задоволство. Клубот има намера што е можно поскоро да именува постојан наследник, објави Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед е на 18. место на табелата во Премиер лигата со само осум бода по 10 натпревари.
Под водство на Карик, тимот победи само на еден од своите премиерлигашки натпревари оваа сезона.