(ВИДЕО) Украинците го погодија нафтениот терминал во Новоросијск – избувна пожар

by irena 08:15
08:15

Во текот на ноќта, украински беспилотни летала погодија нафтен терминал во рускиот град Новоросијск, на југот на земјата, објавија каналите што ги следат воените активности.

По нападот, нафтениот терминал се запали, објави независниот руски канал „Астра“. Во украинските напади била оштетена и станбена зграда во градот, соопшти каналот, повикувајќи се на снимки од очевидци.

Градоначалникот на Новоросијск, Андреј Кравченко, потврди дека имало напад со украински беспилотни летала. Тој изјави дека остатоци од соборените летала паднале во „деловната зона“ и во близина на станбената зграда.

Покрај тоа, властите на Краснодарскиот крај, каде што се наоѓа градот, на „Телеграм“ објавија дека по нападот избувнал пожар, без да прецизираат на кои локации. Новоросијск, кој често е цел на украински напади со беспилотни летала, претставува важен извозен центар за руска нафта, нафтени деривати, жито и друга стока.

Украина редовно ја напаѓа воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии, настојувајќи да ја намали способноста на Москва да ја продолжи војната.

Во меѓувреме, Русија продолжува да напаѓа градови низ Украина. Најмалку пет лица загинаа, а 35 беа повредени во голем напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот. Руските напади предизвикаа големи пожари, поради што воздухот низ целиот град се исполни со чад.

Слични вести