(ВИДЕО) Се сруши хеликоптер со лекари во Малезија – загинаа пет лица

by irena 08:10
08:10

Пет лица, меѓу кои и медицински персонал, загинаа кога хеликоптер со лекари се урна вчера во Малезија изјави денеска министерот за здравство на земјата, Џулкефли Ахмад.

Ахмад во соопштение наведе дека, според првичните информации, во хеликоптерот што се урна вчера во близина на аеродромот „Лонг Леланг“ во државата Саравак, се наоѓале пилотот и четворица службеници на министерството, пренесува Ројтерс.

Според него, меѓу нив имало еден медицински службеник, еден помошник-медицински службеник и две медицински сестри кои биле на службена должност.

Услугата „летечки лекар“ (flying doctor service) вообичаено користи летала за обезбедување медицинска нега, итен транспорт и клинички услуги во рурални или изолирани региони.

Операциите за пребарување беа отежнати поради густата магла, која ги спречи спасувачите да користат хеликоптери или авиони во потрагата, изјави во соопштение комесарот на полицијата во Саравак, Мохамад Заинал Абдула.

Тој додаде дека местото на несреќата се наоѓа во оддалечена област до која е потребно десетчасовно патување по копно.

Саравак, на островот Борнео, беше зафатен од густа магла предизвикана од големи шумски пожари во соседна Индонезија.

Малезија минатата недела прогласи вонредна состојба во округот Сериан во Саравак откако загаденоста на воздухот достигна опасни нивоа.

Слични вести