„Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на штетните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Последните податоци на Народната банка се поразителни и ја демантираат власта која упорно сака да не убеди дека државата се движи напред. Во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалени за 261,7 милиони евра – од 397,5 на 135,8 милиони евра. Во споредба со истиот квартал лани Во споредба со истиот квартал лани, падот е 191,4 милиони евра. И ова е најниско ниво на СДИ од 2020 година – година кога имаше ковид пандемија. Денес нема глобална криза, но имаме домашен економски колапс – создаден од неспособната Влада на ВМРО-ДПМНЕ“ рече на прес-конференција потпретседателката на СДСМ – Каја Шукова.
Таа рече дека „само за пример, лани странски директни инвестиции беа на ниво од 1,25 милијарда евра 2024 година и тоа не поради оваа влада, туку како резултат на правилните политики на владата на СДСМ кои придонесоа за стабилна деловна клима, предвидливост и доверба кај странските компании. Залудно се обидува Мицкоски да го прикрие падот на странските инвестиции за најава за нова инвестиција од 30 милиони евра. Реалноста е јасна – економијата оди надолу, а инвеститорите си заминуваат.
„За една година успеаја да ја уништи деловната клима за странските инвеститори, што СДСМ ја воспостави. Оваа влада ниту знае ниту има капацитет како да ги задржи постоечките странски инвестиции, а уште помалку да привлече нови. Странските компании инвестираат таму каде што има стабилност, јасни правила, економска визија и владеење на правото. Ништо од тоа не постои денес во Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Реалната слика е спротивна од очекувањата на инвеститорите – влада без капацитет, нестабилна економска политика, замрзната европска агенда, партиски популизам и нефункционална дипломатија“ порача Шукова.
Напомена дека „затоа странските инвеститори го губат интересот. Никој не сака да инвестира во држава во која премиерот прикажува лажен економски раст, а во реалноста економијата тоне. Никој не сака да инвестира во држава во која владата цела година нема донесено ниту една вистинска економска реформа. БДП-то расте само на хартија, додека граѓаните осиромашуваат Македонија е меѓу трите најслаби економии во Европа по раст на продуктивност и индустриско производство“.