Легендарниот американски коаркар Шекил О’Нил вели дека европската кошарка е подобра од НБА, свесен за критиките што ќе ги добие.
Популарниот Шек престојува во Литванија, каде што стана амбасадор на локалната компанија „NordVPN“.
Shaquille O’Neal claims European basketball is ‘a bit better’ than the NBA 👀🏀 https://t.co/1lpTWxEVtT
— BasketNews (@BasketNews_com) September 29, 2026
Тој ќе присуствува на натпреварот од Евролигата меѓу Жалгирис и Олимпијакос.
„Ми рекоа дека ако сакам да ограбам нечија куќа вечерва, веројатно би можел, бидејќи сите ќе бидат на натпреварот“, вели О’Нил и додава:
„Бев на еден натпревар во Европа и атмосферата беше луда. Па, ќе видам колку интензивен и луд ќе биде овој натпревар.“
Тој истакнува дека во Европа сите играат со максимален ангажман од почетокот до крајот на сезоната.
„Знам дека играат 36 натпревари и знам дека европската кошарка е малку подобра од НБА. Знам дека ќе добијам многу критики што го велам тоа, но момците таму играат силно на сите 36 натпревари“, рече Шек.
„Во НБА имаме играчи кои некако се опуштаат сè до Ол-стар натпреварот или до плејофот“, заклучи О’Нил.