Во Киев 12 загинати и околу 200 повредени за една недела руски напади

by irena 17:25
17:25

Во Киев, 12 лица загинаа, а околу 200 беа повредени во руски напади во текот на изминатата недела, соопшти денеска портпаролката на Воената управа на градот Киев, Катерина Поп.

„Вкупно 360 цивили беа повредени во главниот град во текот на месецот, а 31 лице загина. Меѓу повредените имаше 16 деца. За жал, едно дете беше меѓу загинатите во станбена зграда оваа недела. Според тоа, статистиката воопшто не е позитивна“, изјави Поп, пренесува „Укринформ“.

Таа истакна дека како последица на руските напади во Киев, за еден месец биле оштетени околу 116 повеќекатни станбени згради и приближно 34 приватни куќи.

Слични вести