Зеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10.000 војници во Русија

by irena 17:34
17:34

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8.000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за испраќање на уште 10.000 од нив.

Повикувајќи се на нови податоци за распоредувањето на севернокорејските војници, Зеленски синоќа во објава на мрежата „Икс“ (X) наведе дека тие се избираат за обука, а потоа се испраќаат во Русија.

Зеленски уште во август изјави дека до 50.000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија и ја повика Јужна Кореја да ја поддржи украинската противвоздушна одбрана.

За возврат, Русија плаќа, меѓу другото, со технологија, рече тој, додавајќи дека во Северна Кореја е воспоставено производство на дронови од типот „Шахед“ со руска техничка поддршка.

„Вака се шири злото и вака заканата по животот во еден дел од светот се шири кон другите делови. Ова може да се надмине само заеднички“, рече Зеленски.

Зеленски го изјави ова откако настанаа несогласувања меѓу Сеул и Киев околу неговата минатонеделна објава дека Украина префрлила двајца заробени севернокорејски војници во Јужна Кореја, пренесува Ројтерс.

Слични вести