(ВИДЕО) СДСМ: Здравството се распаѓа пред очите на граѓaните, а Клековски зборува за зголемување на придонеси

by irena 13:11
13:11

„Здравството се распаѓа пред очите на граѓaните, а ВМРО-ДПМНЕ и Клековски зборуваaт за зголемување на придонеси. Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена. Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе биде министер откако диловите во здравството им пропаднаа“ рече денеска на прес-конференција Симона Цветаноски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа вели „Наместо да ги расчисти криминалните тендери, да обезбедат лекови во болниците, да обезбеди вработувања и услови – Владата најавува зголемување на придонесите! Тоа значи: повеќе ќе ви земаат, а уште помалку ќе добиете. Сашо Клековски, директорот на Фондот, отворено зборува дека тоа е следниот чекор“.

„Зголемување на давачките. Нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик. Прашањето е: каде се парите од придонесите досега? Кој профитира додека пациенти страдаат? Дали фалат пари само затоа што на две фирми им се даваа огромни буџети од Фондот? Зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста. Кој профитира од страдањето на пациентите? Кој прави бизнис со здравјето на народот?“ прашува Цветаноска.

Рече дека СДСМ бара оставка од Клековски.

„Здравството мора да служи на граѓаните, а не на приватни интереси блиски до власта“ порача таа.

Слични вести