94
Силен ветер и високи бранови во Охрид и охридско.
Во селото Љубаништа повеќе од кајчиња и глисери завршија на брегот, а во село Трпејца брановита ја покрија плажата и стигнаа до првиот ред од куќите.
Според информациите од локалните медиуми во Охрид, невремето предизвика големи материјални штети.
Вакви појави се ретки за летниот период, кога езерото обично е мирно, но наглите промени на времето и нестабилната атмосфера денеска донесоа сосема поинаква слика.
Граѓаните кои се наоѓаат во овој регион споделуваат предупредувања за внимателност, особено за оние што се на плажите или во близина на водата,.