Бела пена се влева по Лепенец во Вардар

by irena 16:39
16:39

Необична супстанца го покри вливот на реката Лепенец во реката Вардар, во Скопје.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со инспекторите излезе на терен и посочи дека иако ова е во ингеренции на Министерството за животна средина, тие земале мостри и ќе испитаат кој е загадувачот.

Тој вели дека вакви испади и неодоговрно однесување имало и порано, но овојпат ќе има постапување.

Покрај вливот на реката Лепенец има повеќе фирми.

Слични вести