Анчелоти и Гвардиола не прифатија да седнат на жешкото столче – Пирло „нема каде да бега“

by irena 17:29
17:29

Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема да стане селектор на Италија.

Паоло Малдини лично отпатува во Барселона на преговори, но Шпанецот сака да ја продолжи својата пауза по завршувањето на неговата десетгодишна „ера“ во Англија.

Претходно и бразилскиот селектор Карло Анчелоти ја одби поканата да застане на чело на Азурите.

Сепак, се најде човек кој е подготвен за предизвикот.

Андреа Пирло е подготвен да ја преземе улогата на нов селектор на „Аѕурите“.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, преговорите се веќе во тек и шансите да не се постигне конечен договор се многу мали, па се очекува сè да биде официјализирано до викендот.

Јавноста во Италија е скептична бидејќи Пирло немаше некоја особено импресивна тренерска кариера, но Малдини отсекогаш препознавал исклучителна фудбалска визија кај него и е подготвен да се обложи на тоа. Некои во минатото го критикуваа дека нема карактер потребен за водење на соблекувалната, но сега ќе има можност да докаже дека грешат, а најважно е што ја има поддршката од Сојузот и од самите играчи.

Се очекува Пирло да потпише договор до крајот на Светското првенство во 2030 година, иако Малдини има долгорочен план, при што процесот на реконструкција се очекува да започне со играчи на возраст од 12 или 13 години. Ова секако претставува голем ризик, но и нов почеток за четирикратниот светски шампион.

Што се однесува до финансиите, Малдини е подготвен да му понуди на легендарниот фудбалер два милиони евра по сезона, но наводно Пирло би бил задоволен и со 1,5 милиони, плус бонуси и можност за зголемување на платата во иднина.

Пирло одигра 116 натпревари за италијанската фудбалска репрезентација, што претставува петти најголем број настапи во историјата на тој тим. Дебитираше за сениорскиот тим во 2002 година и како капитен ја предводеше репрезентацијата до освојување на бронзениот медал на Олимписките игри во 2004 година.

Пирло одигра клучна улога во триумфот на Италија на Светското првенство во 2006 година, освојувајќи ја „Бронзената топка“ и место во идеалниот тим на турнирот. Тој ги предводеше „Азурите“ до финалето на Европското првенство во 2012 година. Исто така, ја претставуваше својата земја на европските првенства во 2004 и 2008 година, како и на светските првенства во 2010 и 2014 година.

Слични вести