(ВИДЕО) Потресно сведоштво на мајката на починатата млада Адријана: Ќерка ми гледаше Господ во Нино, а тоа беше тивко убиство со несоодветна терапија

by irena 19:59
19:59

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА

Јулија Мациев, мајка на починатата млада Андријана Мациев беше една од првите сведоци на судското рочиште против обвинетиот Нино Васев за скандалот „Онкологија“.

Таа со солзи во очите ја раскажа целата голгота што ја поминала нејзината млада ќерка на скопската Онколошка клиника и како го молела нејзиниот доктор  Васев да не и дава имуно терапии. На тој начин од несоодветна терапија, таа добила вештачки метастази на црниот дроб, иако претходно била излекувана од канцер на дојка.

„Се заколнав дека ќе ја зборувам вистината. Две години водевме голгота и три поминаа од кога почина. Кога се сеќавам на тие моменти ми се враќа филмот. Кога ќе се сетам  вие молите, а од другата страна гледате авторитет.

Нино Васев има една црта што изгледа ноншалантно и авторитетот го наметнува на свој начин и кога ќе сака да си ја тргне одговорноста прави шеги и ќе ти го одвлече вниманието.

На почетокот верувавме, но како мајка која е многу свесна, едноставно јас го прашувам нешто сериозно, а тој го одбегнува моето прашање. Моето дете сакаше и веруваше дека ќе биде добра.

И покрај нејзината влошена здравствена состојба, тој продолжи да и ја дава терапијата. Стомакот почна да и отекува. Јас почнав да прашувам што се случува? Ништо, ќе и се наполнел стомакот вода, а тој ми вика ќе и ја испразнеле. Просто експлодира. Доаѓаме на дежурства бидејќи не можеше да издржи кога ќе и се наполнеше стомакот со вода.

Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија.

Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија. И кога ние исцрпени ќе не вратеа кај доктор Нино, одговорот беше – кои се тие да кажуваат како и што треба?“, тврди разочараната мајка.

Слични вести