(Видео) Почна земското прскање во Скопје

by jadranka 10:39
10:39

Од синоќа почна новото прскање против комарците во Скопје. Градските власти најавија дека до 19 септември, во вечерните и ноќните часови, поточно во периодот по 22 часот од 03 часот наредниот ден на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Прскањето оваа сезона зачести како резултат, меѓу другото, на реакциите од граѓаните, откако во државата ескалираше заразата со вирусот наречен западнонилска треска, а во некои од скопските општини беше прогласена и епидемија, којаза жал зеде и десетина жртви.

Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе се реализира во истиот термин, во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слични вести