(ВИДЕО) Осум жртви, над 140 повредени во иранскиот напад на Израел

by Fokus

Иран синоќа започна нов бран ракетни напади врз Израел, а според официјалните податоци од израелските служби за вонредни ситуации, најмалку четири лица се убиени, додека повеќе од сто се повредени. Делови од централен Израел, вклучително и областа околу Тел Авив, беа цел на нападите.

Нападите се случија откако израелската војска потврди претходно дека извршила напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран. Министерството за нафта на Иран тврди дека било погодено складиштето за нафта Шахран во Техеран.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се закани дека одговорот ќе биде уште „потежок и посилен“ ако Израел не се повлече. Во меѓувреме, Оман потврди дека преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран, закажани за недела, се официјално откажани.

Израелските медиуми јавуваат дека најмалку осум лица се убиени во синоќешните ирански ракетни напади.

Бројките сè уште не се официјално потврдени.

Според потврдените податоци на израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (MDA), загинале четири лица: жена во 60-тите години, жена во 80-тите години, момче од околу 10 години и уште едно девојче – веројатно во нападот во Бат Јам.

MDA, исто така, наведува дека се 140 повредени, од кои некои се во сериозна состојба. Бројките може да се променат подоцна како што ќе пристигнат нови податоци.

Поврзани новости