(ВИДЕО) Обвинителката Ленче Ристоска: Поднесов тужба против ВМРО-ДПМНЕ

by irena 13:02
13:02

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање, потенцирајќи дека е недозволиво било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку тоа да се прави од позиција на моќ.

-Ги превземам сите институционални механизми кои што ми се на располагање, бидејќи недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок на јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ, и да поднесов тужба против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. За премиерот, како што е познато, поднесов известување до Советот на јавните обвинители, како институција која што е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители, истакна Ристоска.
 

Додека течат судењата за „Талир 1“ и „Талир 2“, предмети во кои е замрзната Белата палата и цел имот на владејачката партија, продолжуваат и јавните навреди од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за Ристоска.

Неодамна премиерот Христијан Мицкоски ја нарече обвинителката „медиокритет“ со „политичко-корупциска матрица“.
Ристоска против ВМРО-ДПМНЕ која ја обвинуваше за земање бонуси и ја нарекуваше „пропадната ѕвезда на СЈО“ поднесе тужба за клевета, а премиерот го пријави во Советот на јавни обвинители.

В.В.

Слични вести