(Видео) Мицкоски со дронски фотографии од собирот за чистење, Стефковски порача: Скопје е на нозе

by irena 20:59
20:59

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека започнува големата акција за чистење на Скопје со дронски фотографии на кои се гледаат десетици камиони, машини и работници собрани пред СЦ „Борис Трајковски“.

„Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!“, напиша Мицкоски во објавата.

Акцијата, која започнува во 20:30 часот, има за цел во рок од 72 часа да се исчисти целиот град, како што претходно беше ветено од Ѓорѓиевски. На терен се наоѓаат десетици камиони и стотина работници, кои ќе работат низ сите општини во Скопје.

Видео од акцијата објави и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

 

Слични вести