(ВИДЕО) Манасиевски: Дали познат доктор одби функција во раководството на СДС оти не го смета Филипче за релевантен?

by irena 12:27
12:27

„Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини. СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче. Информации кои од Бихаќка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар?“ праша денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вели „дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија“.

„Од сите страни се бараат реформи во СДС, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихаќка, а само нему таа реалност не му одговара. Венко Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДС до ниво на статистичка грешка“ порача Манасиевски.

Слични вести