(ВИДЕО) Кузеска: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

by irena 12:37
12:37

„Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа! Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата! Во мај 2025 просечната плата била 45.796 денари, а во јули 45.276 денари! Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци“ рече денеска на прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.

Таа вели „Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа, а расте сиромаштијата. Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно. Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат. Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови“.

„Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики. Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот“ рече Кузеска.

Слични вести