205
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека разговорите со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа донесоа „значаен напредок“ во неколку области, вклучувајќи ја одбранбената соработка и трговијата, како и договор за постигнување прекин на огнот и траен мир во Газа и Палестина.
„Нашата средба беше многу важна во однос на изразувањето на волјата за прекин на масакрот во Газа… Објаснивме како може да се постигне прекин на огнот и траен мир“, изјави Ердоган за новинарите на враќање од Вашингтон, објави Ројтерс.
Тој изјави дека двајцата лидери размениле мислења и за ревизијата на царините со цел да се постигне целта од 100 милијарди долари трговска размена и нагласи дека односите напредуваат „со меѓусебно почитување“.