Израелската војска го запре бродот „Медлин“, кој превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, организиран од Коалицијата на слободна флотила, и ги уапси активистите на бродот, меѓу кои и шведската еко-активистка Грета Тунберг.
Според соопштението на израелското Министерство за надворешни работи, активистите се неповредени и ќе бидат вратени во своите земји. Израелската морнарица го придружила бродот до пристаништето Ашдод, каде што се спроведени понатамошни проверки.
View this post on Instagram
Коалицијата која го организираше патувањето соопшти дека изгубила контакт со едрилицата пред да добие потврда дека на неа се качиле израелски трупи. Израел објави видео-снимка од приведувањето, потврдувајќи ја интервенцијата.
Настанот предизвика реакции кај меѓународната јавност, особено со оглед на хуманитарната цел на мисијата и присуството на познати активисти.