(ВИДЕО) Ирански ракети го погодија носачот на авиони „Абрахам Линколн“

by irena 13:07
13:07

Иранската армија тврди дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ бил успешно погоден од нејзините крстосувачки ракети, објави иранската агенција ИРНА.

Носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ е еден од клучните бродови на американската морнарица и припаѓа на класата „Нимиц“, група од најголемите и најмоќните носачи на авиони во светот. Влезе во употреба во 1989 година и е именуван по 16-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.

Тоа е нуклеарен носач, што значи дека може да работи со години без потреба од полнење гориво. Долг е повеќе од 330 метри и може да носи околу 60 авиони и хеликоптери, вклучувајќи борбени авиони, извидувачки авиони и хеликоптери за борба против подморници.

Поради својата мобилност и огнева моќ, се смета за еден од главните инструменти на американското воено присуство во светот.

Екипажот на бродот брои повеќе од 5.000 луѓе, вклучувајќи морнари и пилоти, а носачот делува како мобилна воена база способна за операции на долг дострел.

Слични вести