Скопјанец на двајца гостиварци им зема пари за да им среди за возачка без да полагаат

by irena 13:45
13:45

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од полицијата, пријавениот, во својство на физичко лице, на почетокот на 2026 година, преку користење на своето влијание, од две лица од Гостивар зел пари за да влијае да се стекнат со возачка дозвола без да се појават во постапка за стекнување на возачка дозвола.

Слични вести