Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
БУГАРИ ПО САМОСВЕСТ ИЛИ ПО ПРОФЕСИЈА
Случајот Ива Михаилова е реприза на веќе виденото сценарио со Христијан Пендиков и Спаска Митрова, кои, во неможност да остварат одредени лични цели дома, влегле во играта на Бугарија. Едноставно, Софија бара и создава матни ликови преку кои ќе ја прикаже Македонија како недемократска држава.
ОД СКОПЈЕ ДО ВОЛСТРИТ
Анкетните листови на македонските функционери откриваат вложувања во домашни банки и компании, но и во светски технолошки гиганти, како „Нвидиа“, „Мајкрософт“ и „Амазон“. Дел од пратениците и министрите поседуваат и удели во инвестициски фондови и државни обврзници.
БЕГАЛКАТА МИХАИЛОВА
Според доброупатени извори на „Фокус“, од Бугарија, девојката навистина поминала на легален граничен премин и тоа на Ново Село –Златарево. Според нашиот соговорник, таа не била сокриена во гепек, туку седела на задното седиште во автомобил, со затемнети стакла.
КОНТРАСИНДИКАТИ
На почетокот на 2026 година е формиран нов синдикат во МО, познат под името „Синдикат на вработените во одбраната и Армијата“, на чие чело е Милан Андоновски. Како основачи и членови на овој синдикат се раководни лица во самото министерство, а главната палка в раце ја има Андоновски, кој е и десна рака на министерот Мисајловски.
КАКВА ЗИМА ЈА ОЧЕКУВА ЕВРОПА?
Резервите на гас, студените бранови и обновливите извори ќе ја определат енергетската слика во следните месеци. Европа има повеќе алтернативи отколку во 2022 година, но останува изложена на ценовни шокови и на геополитички ризици.
ЦЕЛО ИЛИ НА ПАРЧИЊА
Гласањето за некоја партија, без можност да се даде и квантитативна оценка за тоа колку точно е задоволен гласачот од партијата, е битен недостаток во изборниот систем. Би било многу убаво да се додаде на секое избирачко ливче, покрај бројот на листата, и едно крукче во кое гласачот ќе може да допише и оценка.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Ние, државата Македонија ја гледаме како фактор на стабилност на Балканот и во Европа. Подготвени сме да докажеме дека демократијата е можна преку мирно живеење со припадници на други националности во Македонија.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пинокио е само фантастична приказна за деца. Доколку беше реалност, носовите на (северно )македонските политиканти – апаши ќе им пораснеа до врвот на Водно!
Ана ПАНОВСКА
Не дека СДСМ нема лупинзи (приватизацијата), не дека во нивно време немало корупција и криминал! Но, се прашувам кое време било тоа кога СДСМ без тегови, без тешки дисаѓи на грбот, бил пуштен да трча ослободен од сите стеги, комотно и опнато како што овој народ му овозможуваше и сѐ уште му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ.
м-р Дејан ДИМОВСКИ
Народот многу скапо ги плаќа погрешните енергетски политики. Време е првата министерка за енергетика, рударство и минерални суровини да си замине од министерското столче.
М-р Владо ЈОВАНОСКИ
Борбата за национален опстанок и просперитет бара пожртвуваност, непрекинатост, знаење, мотивираност, стручност, обученост, љубов кон сопствениот народ и чесност во постапките. Не постои геополитички интерес што е поврзан со националниот опстанок и просперитет, а кој не е реално остварлив.