1620

by bogdan 19:52
19:52

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

АЏАНАК- БАЏАНАК
Владата на Мицкоски е „патриотска“, ако само половина од неговите министри и пратеници се со бугарски пасоши и со бугарски фирми. Битно, се удираат во гради и редовно ги вадат предавниците што го продале името, што извадиле пасош, некои само за да избегаат  од државава и да најдат начин да го преживеат месецот.

БЕТОНИЗАЦИЈА
На површина од околу 95 илјади квадрати метри, веќе се градат 9 станбени објекти во старото скопско маало Крњево, лоцирано зад кампусот на УКИМ, каде што периодов се случува вистинска градежна офанзива.

ЕКОЦИД
Откако пропадна кривичната пријава за „екоцид“ по обвинувањата за еколошка хаварија во Крива Паланка, почна да испарува и прекршочната глоба што ѝ беше изречена на компанијата „Булмак“. Инспекторатот и компанијата не се спогодиле да се плати казна од 200.000 евра, па предметот завршил на суд. Според првостепената пресуда, досудена е глоба од само 10.000 евра.

СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ
Документација доставена до „Фокус“ ја оспорува легитимноста на изборот на Станка Трајкова за претседателка во Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, во пресрет на изборите за нов претседател на почетокот од 2027 година

ЕВРОПА НА УЛИЦА
Од Франција и Италија до Албанија и Македонија, протестите откриваат длабока криза на довербата во институциите. Но, дали станува збор за спонтани општествени бунтови, политички организирани мобилизации или за судир на интереси, во кој граѓанското незадоволство станува средство за пошироки политички пресметк

ПОТРЕСИ
Најдобар лек за вообразени лидери на партии или на држави што мислат дека се премногу јаки, па никој друг не им треба, е токму моментот кога нивните брилијантни планови ќе се изјаловат и нештата ќе излезат од контрола.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Лорд Карингтон предлага да не се состануваме пред да знаеме во кој статус ќе седнеме околу масата. Вели дека најважно на оваа конференција е да се одржува постојан контакт, порачувајќи да ги користиме средбите во Брисел“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парада на суети, квазивредности, вештачки насмевки и лажни ветувања. Кој е урбана фаца, како стекнал големи пари, за колку купил диплома, кој чија сопруга збарил, восхитување и идеализирање на асоцијални и криминални подвизи.

Ана ПАНОВСКА
Европската Унија нема ветрот да ја однесе. Ќе се снајде таа како и секогаш! Има преголемо искуство, богати ресурси и јаки институции. Не радувајте се пред време – Европа нема да се распадне! Туку гледајте како да ја сочувате Македонија од распаѓање, или пропаѓање… сеедно!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Самиот факт дека со институциите на системот, без исклучок, на сите нивоа на нивната организираност раководат партиски кадри, а не професионални „државни службеници“, политичкиот систем на власт го прави крајно поразен, некомпетентен и неефикасен.

Дејан ДИМОВСКИ
Македонија е мала држава и апсолутно е непотребно да има и министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и РКЕ. РКЕ може да биде составен дел од Министерството за енергетика. Глумењето независност евидентно не носи благосостојба на јавниот интерес