Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„КУЧА ПОСАО, ПОСАО КУЧА“
И токму во време кога веќе со години се доцни со носење мерки што ќе ги задржат граѓаните дома, ќе го запре иселувањето, ќе го поттикне и зголеми наталитетот, се предлага мерка што ќе го забрза процесот на самоуништување.
НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
„Фокус“ го посети местото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што се наоѓа земјиштето за кое владата на Мицкоски најавува изградба на нов Клинички центар. Станува збор за една од најатрактивните парцели во главниот град, на вкупна површина од околу 60.000 квадратни метри.
„БАРУТАНА“
Позитивни мислења за „Барутана“ дале многу надлежни институции и органи, меѓутоа дел од нив првично имале серија забелешки и сугестии. Пред сè, тоа важи за Комисијата за урбанизам во рамки на Град Скопје и скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“.
ЛИМИТ ЗА КРЕДИТНА ЗАДОЛЖЕНОСТ
Станбеното кредитирање почна сè повеќе да влијае врз задолженоста на домаќинствата. Токму поради ризикот од прекумерно задолжување, Народна банка воведе дополнителни макропрудентни мерки насочени кон квалитетот на кредитната побарувачка.
ЧИЈ Е САМОИЛ?
Од Преспа до Софија, останките на средновековниот владетел повторно ја отворија најчувствителната историска тема меѓу Бугарија и Македонија – чии се Самоил, неговото царство и наследството на просторот на кој денес се сечат интересите на три држави?
ПОЛИТИЧКИ ПИЛОТИ И КОПИЛОТИ
Ако државата ја замислиме како авион во кој граѓаните се патниците, тогаш премиерот Мицкоски е пилотот, а претседателката Сиљановска-Давкова е копилотот. Ако дестинација се евроатлантските интеграции, тогаш улогата на навигатор би требало да ја игра министерот за надворешни работи, Муцунски, а главна стјуардеса секако е министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
За жал, од нашите напори за мир ќе останат само скелети на жртвите на оваа бесмислена војна, која секојдневно добиваше на жестокост, радикализирајќи ги политиките во републиките. Зашто, да не заборави читателот: оваа шанса да ја сопреме војната беше во 1991 година, а Сребреница се случи во 1995.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Една изборна единица со отворени кандидатски листи значи поддршка за личности, а сегашниот со шест изборни единици и затворени листи, поддршка за партија и гласање на слепо. Апсурдно и забегано: се избира партија, а кандидатите воопшто не се познати!
Ана ПАНОВСКА
Од реакциите на јавноста, јасно се виде дека граѓаните во суштина високо го ценеле Филипче, кој со изјавата дека премиерот е „идиот“, едноставно ги шокирал. Не го очекувале тоа од него, имале поинакво лично мислење за него.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Критичкото видување на односот на ЕУ кон Македонија и Македонците не е само прашање на гола недоверба и неверување на лагите што веќе дваесетина години ни се споделуваат, туку, во својата суштина, е прашање на вистинска историска оценка на „Блудницата Вавилонска“ кон нас.
д-р Сретен ДАВИДОВ
Владините институции толку бргу се мобилизираат кога треба да овозможи нов инвестициски пазар, а толку тешко кога треба да создаде индустрија, евтина енергија и причина млад човек да остане овде?
М-р Владо ЈОВАНОСКИ
Длабоко е вкоренето мислењето дека таканаречениот „Македонизам“ е силна закана по виталните интереси на Бугарија и бугарските граѓани. Ваквото дејствување на Бугарија, спорот го доведе до точката на закоченост и може уште непредвидливо долго да го држи во оваа точка.