1613

by bogdan 19:51
19:51

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МИЦКОСКИ АЛА ГРУЕВСКИ
Цела земја се исели, бројките на ученици во училиштата се алармантни, а нашата влада се однесува како да тече мед и млеко низ државата. Во која држава?

ВОЈНИЧКИ ЧИЗМИ
Набавката на војнички чизми, која недостасуваше со години, крена прашина, со низа обвинувања за нефер тендерска игра. Дел од компаниите обвинуваат дека неосновано биле исфрлени, а на победничката компанија и ја оспоруваат доставената документација

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р МАРИЈА ЉАКОСКА
Проекциите на Државниот завод за статистика со варијантата „без миграции“ покажуваат дека без иселување во 2035 година би имале 1.759.020 жители наместо проектираните 1.531.757, што значи дека миграцијата ни „одзема“ речиси 230.000 жители.

БЕТОНИЗАЦИЈА НА ВОДНО
Со поддршка на речиси сите советници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Центар неодамна го изгласа нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“, чија првична верзија предвидува изградба на нови објекти на Водно.

УПРАВНИ ОДБОРИ
Советниците од мнозинството во Советот на Град Скопје ги изгласаа новите предлози за членови на Управните и Надзорните одбори, а на листите речиси ништо не е сменето. Изгласани се речиси истите партиски членови, донатори и роднини на политичари, кои претходно ја добија довербата на Советот.

РАТКО МЛАДИЌ
Од Скопје и југословенската воена школа до Сребреница и Хаг – смртта на Ратко Младиќ повторно ги отвори најдлабоките историски поделби во поранешна Југославија.

ПОЛИТИЧКИ ВАКУУМ
Корупцијата е врв на селективното слепило. Кога „нашата партија“ е на власт, сосема е оправдано да крадеме како да нема утре, оти по нас на власт ќе дојде „непријателската партија“ и ако сме оставиле некоја паричка неукрадена, тие ќе ја земат и ќе ја искористат за да ни нанесат зло.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
За тие што како Словенија и Хрватска веќе беа во војна, во интерес им беше и во Македонија, и во Босна да се отвори нов фронт против Србија, за да се намали притисокот врз нив. Имено, држави во војна се подготвени на сè за да си ја олеснат својата позиција.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
авистина, чуму помпезно славење (не)зависност добиена на тацна, и тоа под претенциозното мото „Силно светнал ден“? Што, побогу, ќе се прославува? Кибритчиската политика на лаги, манипулации и порази?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали историски прилики и наследени односи ќе бидат причина за некои нови балкански војни или, пак, ќе бидат критична точка, која ќе придонесе за надвладување на евроинтеграциските процеси, останува да се види.