1612

by bogdan 19:34
19:34

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВРЕМЕ НА ИСЕЛУВАЊЕ
Во паралелната реалност, помалку сурова за читање, стои дека него (народот) сè повеќе го нема.  Додека ние зборуваме за избори – Македонија се празни. Еден ден ќе снема и гласачи…

ПРОПАГАНДА
АНБ и МВР истражуваат мрежа од дваесетина медиумски платформи и комуникациски канали, меѓу кои има онлајн медиуми, јутјуб канали, фејсбук и инстаграм профили и групи, каде преовладуваат пробугарски и/или антимакедонски содржини.

ГРАДСКИ ВОЗ
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, со два анекс-договори ја зголеми вредноста на санацијата на делниците за повеќе од 1,3 милиони евра. Како причина се наведуваат дополнителни и непредвидени работи.

БАЛКАНСКО НАРКО-ТРИО
Кога на почетокот на годината беа запленети 5 тони марихуана во Србија, се појави дилемата дали дрогата е со македонско или албанско потекло. Набргу доказите укажаа дека марихуаната е „Made in Macedonia“, а веќе паднаа и првите признанија на вина.

БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА
Се зголемува бројот на револтирани пациенти од скопска Ревматологија. За десет месеци, 35-годишен пациент дал 16.000 евра за биолошка терапија: „Ти ја менуваат терапијата, те ставаат во кревет и те прават инвалид“

ИЗРАЕЛ И ТУРЦИЈА
Сирија станува новата линија на фронтот меѓу двете регионални сили, а еден израелски воздушен напад може да биде почеток на многу поголема геополитичка криза.

ПАРТИСКО ПРЧЕЊЕ
Тоа што во вакви критични моменти, политичарите се прчат на политичкото буниште и ја отвораат темата за предвремени избори е доказ дека не можат да смислат ништо паметно и корисно да кажат на темата за борбата против елементарни непогоди.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Само политика што целосно ја почитува независноста и суверената позиција на секоја република може да ги смири денешните национални чувства, овозможувајќи енергијата на народите да се сврти кон развојот на демократијата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Основниот и колосален хендикеп е што од осамостојувањето до денес, немавме асолен државник. Пресуден фактор што во изминатите три и пол децении, наместо саглам држава со сите тертипи, се креира систем на корпоративна територија!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Од година во година, количеството и квалитетот на шумите, што поради пожари, што поради кражби, постојано се намалува.

Но, не! Сето тоа не е важно. Важно е опстанокот на партијата, нејзиниот „лидер“ (лидерство) и така до бескрај.

Ана ПАНОВСКА
Ајде, да се надеваме дека Трамп ќе го види интервјуто на Мицкоски во „Брајтбарт“ и дека ќе се потсети, ќе се чукне по чело и ќе си рече: „А, бе, ја заборавив Македонија, мојата најверна и најголема потпора“!!!