Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ИМА ДА НЀ СНЕМА
Да споделам една недоумица. Поранешниот премиер Груевски, кој пред многу години го спакува куферот и замина, спаѓа во најспособните или во талогот кој станал елита? Сума сумарум, се чини, длабоко зацапавме во талогот, и ни нема спас.
БЕТОНИЗАЦИЈА КАЈ СУДСКА ПАЛАТА
Докторот Николиќ, кој почна да „оперира“ во бизнисот преку некогашни фирми на Камчеви, ќе гради десеткатница кај Судска палата. Откриваме и како соседниот руиниран објект премина во сопственост на обвинета, па ослободена компанија за наместен тендер?!
БАШИБОЗУК ВО М-НАВ
„Фокус“ располага со бројни документи за случувањата во Македонската контрола на летање, како и со кривичните пријави, кои една по една стигнуваат на адреса на обвинителството.
ПАТАРИНИ
Државата размислува да го промени системот на наплата на патарините со цел да го задржи високиот приход од над 65 милиони евра годишно. Се проценува можноста да се воведе затворен систем на наплата, односно возење и наплата според изминат километар.
ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ НА ПОВИДОК
Од новите контакти меѓу Вашингтон, Москва и Киев до политичкиот земјотрес во Германија – Европа влегува во период во кој старите правила повеќе не важат.
ГРОМОБРАН ЗА КОРУМПИРАНИ
Функционерот може да е чесен, способен и лојален, и притоа само кои било две од карактеристиките се практично можни, но никогаш сите три. Ако е чесен и способен, не е лојален. Ако е чесен и лојален, не е способен, а ако е способен и лојален, не е чесен.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Претставниците на Европската заедница и на Југославија и на нејзините републики, се собраа во Палатата на мирот во Хаг на 7 септември 1991 година, со заедничка цел да донесат мир во цела Југославија.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Метафората „Народот е како стадо“ означува состојба во која поголема група луѓе без сопствена иницијатива, во помала или поголема мера, го следат водачот без размислување и критички став.
Ана ПАНОВСКА
Не знам кој го подучи Мицкоски да го користи, меѓу сите други гадости, и зборот „талог“ кога ѝ се обраќа на опозицијата. Добро, ако опозицијата е талог, што за себе си мисли Мицкоски?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Македонското прашање, кое, иако е отворено пред 148 години на Берлинскиот конгрес, кога е скроена сегашната балканска политичка архитектура, сè уште не е решено во целост до ден денес.