Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПИШИ – БРИШИ
Повеќе од очигледно е дека за време на конфликтната 2001 година, во тогашната влада, не само што се прифатила првичната цел на паравоената ОНА за поделба на Македонија, туку ваквата идеја се развила во концепт за трампа на територии и население.
ЗАПАДНО НИЛСКА ТРЕСКА
Ефект од авионското прскање е минимален и не се користи во европските земји, а дополнително е и тоа што биоцидот Aqua K-Othrine не е регистриран за таа намена. Крајниот исход е епидемија на западнонилска треска со човечки жртви.
КОНФИСКАЦИЈА
Агенцијата за управување со одземен имот до крајот на 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни речиси 49 милиони евра. Сепак, продажбите не одат како подмачкани, бидејќи покрај тоа што многу често и нема заинтересирани купувачи, дел од имотот воопшто не стигнува до продажба.
ПРИОРИТЕТНИ ИНВЕСТИЦИИ
Министерството за финансии ја објави Првата конечна приоритетна листа на предложени проекти за јавни капитални инвестиции. На неа има 41 проект вреден милијарди евра, од кои дел со години се најавуваат, дел се уште во фаза на подготовка, а кај други веќе има сериозни проблеми со рокови, финансирање и реализација.
РАШЧЕ
Зад поставената „сцена“ од власта и опозицијата, со примеси на паника каква вода пијат скопјани во последниве десетина дена, демне вистинска опасност за изворот на Рашче. Со негативен потенцијал од такви размери, што при неговото опишување – зборот катастрофа ќе звучи премеко.
ЕВРОПА ВО ИНФЛАЦИЈА
Енергетската криза, геополитичките конфликти и поскапувањето на транспортот повторно ја туркаат инфлацијата над целта на Европската централна банка. Европа сега се соочува со опасна дилема: да ги зголемува каматите и да го задушува растот или да ризикува ново разгорување на цените.
ШИЗИЦИ И РИЗИЦИ
Секогаш, кога по некоја крајно непријатна случка, јавноста ќе побара решителна реформа за непријатноста никогаш да не се повтори, власта ќе даде ветување дека ќе преземе мерки, ама потоа целата работа се развлекува додека не се измори народот и некоја друга тема не почне да го преокупира.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Почетните искрени напори на Европската заедница ќе го потврдат „културниот јаз“ меѓу европските и балканските политичари, претворајќи ги преговорите со главните актери на југословенската криза во дијалог на глуви.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Мафијадонија, дипфејкот се користи интензивно во последниве години, особено од трите статус кво партиски картели заради ширење лаги за настани и личности, создавање немир и предизвикување општествен раздор.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На крајот произлегува дека бевме повеќе „независни“ пред да ја прогласиме независноста и самостојноста на државата, која денес целосно е зависна од увоз на храна, енергија, странски инвестиции, кредити итн.
Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш во изминативе 35 години, го направи тоа што единствено го знае – да биде кочница, да предизвика застој, да ја затвори државата и да го настрвува народот едни против други, за да си ги вадиме очите.