Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СИЛНО СВЕТНАЛ МРАК
Се додека нацијата се крева на нозе за фаќање на сеир, а не затоа што нема капка чиста вода, или затоа што не му се безбедни децата, поради трулиот систем, се повеќе ќе ни се стемнува, наместо да ни светне!
„БРЗА ПРУГА“
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина открива дека проектот од над две милијарди евра сè уште е во фаза на планирање, а градежните работи се очекува да почнат дури во 2028 година.
МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ПРЕГОВОРИ
Додека односите меѓу Македонија и и Бугарија, па може да се каже и меѓу Мицкоски и Радев, се карактеризираат со тензии, провокации и антагонизам, во јавноста се откри дека зад завесата сепак се водат одредени разговори за надминување на отворените прашања и разлики, со цел да се деблокира европскиот пат на земјава.
25 ГОДИНИ РАМКОВЕН ДОГОВОР
Употребата на јазикот, примената на Бадентеровиот механизам и правичната и соодветна застапеност се трите темели на Охридскиот договор, негови синоними со кои се поистоветуваше за целиот изминат период од четврт век.
ШПАНИЈА ПРЕД НОВА КРИЗА
Десетици илјади мигранти, за само неколку дена ја претворија шпанската енклава во Северна Африка, во симбол на слабеењето на европските граници. Зад драматичните сцени се отвораат многу посериозни прашања.
ЗАСЛУЖНИ ИЛИ ВИНОВНИ
Сите сакаат добра теорија на заговор, а во добрата теорија на заговор место има за секого, и за оние што ја користат да ја оправдаат својата моќ, и за оние што ја користат за да ја оправдаат својата немоќ.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Доменот на надворешната политика беше во надлежност, не на владата, туку на шефот на државата, Киро Глигоров, и постоеше целосна согласност меѓу неговите и моите ставови. Така, ниту еднаш не добив инструкции што треба да направам и како да го сторам тоа.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со алјази и џамбази, кои три и пол децении безмилосно крадат и се задолжуваат, а бројот на деца од новите генерации се намалува и ќе нема кој да ги враќа долговите. Народот постојано си гласа за политфејкери, па џабе е за М.М.Е. кој прв почна!
М-р Љубомир ТОДОРОВСКИ
Кај нас не се врши доволно прочистување на отпадните води или воопшто не се врши, а со тоа, покрај загадување на околината, се загадува и подземната вода, која треба да претставува додатна резерва за водоснабдување.